Корисниците на ТикТок сега можат да објавуваат и текстуални пораки, покрај видеата и колажите со фотографии, пренесува Верџ.
Текстуалните објави визуелно изгледаат слично на „сторињата“ на Инстаграм, корисниците можат да додадат боја на позадината, да уредуваат како ќе се појавува текстот и да додаваат музика и налепници на објавата.
Објавите имаат ограничување од 1.000 карактери. Корисниците пак, можат исто така да реагираат на текстуалните објави, исто како и на видеата.
„Секогаш се обидуваме да ги поттикнеме нашите создавачи и заедницата со иновативни алатки кои инспирираат самоизразување. Денеска сме воодушевени што можеме да го објавиме проширувањето на текстуалните објави на ТикТок, нов формат за создавање содржина базирана на текст што ги проширува опциите за создавачите да ги споделат своите идеи и да ја изразат својата креативност“, соопштија од ТикТок.