Американскиот актер Џон Малкович вчера, во рамките на 63. „Охридско лето“ пред македонската публика ја одигра претставата „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.
Се работи за психолошка драма во авторство и режија на Михаел Штурмингер. Пред да дојде во Охрид, Малкович претставата ја играше во неколку градови низ регионот, Изведбата на големата сцена во Античкиот театар ја придружуваа сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија.
Малкович ги има снимено филмовите „Places in the Heart“, „Bird Box“, „In the Line of Fire“, „Being John Malkovich“. Тој за филмот „Death of Salesman“ ја доби наградата „Прајм-тамј Еми“, а меѓу другите награди и номинации два пати е номиниран за Оскар.
63. издание на фестивалот „Охридско лето“ беше свечено отворено на 12 јули во Античкиот театар. Во програмата се предвидени 40 фестивалски вечери со концерти и театарски претстави од домашни и странски уметници.
Фото: Министерство за култура