На 1 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 21 часот ќе се случи првиот самостоен концерт на триото „21 век“.
„Веруваме дека е време за 21Век. Скокаме аналогно од една во друга временска зона, сметајќи го времето пред и потоа. Такви се и нивните концерти. Шамански обред во минатото #иднина. Раде Јордановски, Дени Крстев и Васко Атанасоски решија да се пресметаат во најтешката дисциплина – еден на еден. Тие и публиката“, стои во најавата.
Како гости на настанот се најавени новите „деца“ на сцената, еден од најрепрезентативните бендови на новата македонска сцена – „Vagina corporation“.
„’Vagina Corporation’ се алтернативен рок бенд од Скопје Македонија, инспирирани од ужасите на денешниот и минатиот свет, ја користат гласноста, која модерните гитарски појачала ги овозможуваат, а и бесот што душата во себе го носи, за да поттикнат луѓе да танцуваат и да бидат полути за светот во кој живееме“, соопштуваат од МКЦ.
Исто така, гости ќе бидат „Red18“, нов бенд од Скопје кој е добро познат меѓу помладата публика.
„Концептот на бендот е експериментирање со разни жанрови и создавање музика во потполна слобода. Спремете се за сонична енергија, многу танцување и позитивни вибрации“, се вели во најавата.
Билети за настанот може да се набават ОВДЕ.