Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека утре (2 август) по повод празникот Илинден јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Оттаму велат дека утре сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.
Жичарницата ќе работи од 10 до 20 часот при што во периодот од 19 до 19:30 часот ќе биде последното возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот ќе биде последното возење од врвот надолу.