Снимањето рак на дојка со вештачка интелигенција е добро колку и тоа да го прават двајца радиолози, покажува студија

Употребата на вештачка интелигенција (ВИ) за снимање рак на дојка е безбедна и речиси способна да го преполови обемот на работа на радиолозите, покажува најсеопфатното истражување на оваа тематика во светот.

Според Светската здравствена организација, оваа болест се развивав кај повеќе од 2,3 милиони жени во светот на годишно ниво.

Снимањето може да ја подобри прогнозата и да ја намали смртноста бидејќи го забележува ракот во порана, односно поизлечива фаза. Прелиминарните резултати од големото истражување сугерираат дека снимањето со ВИ е добро колку и тоа да го прават двајца радиолози, не ги зголемува лажните позитиви и речиси ја преполовува целата работа во процесот.

Во најновата студија која следеше жени од Шведска на просечна возраст од 54 години, скринингот направен со ВИ е спореден со оној што се добива при стандардна нега.

Половина од снимките беа оценети од двајца радиолози, додека останатите беа оценети од скрининг поддржан од вештачка интелигенција проследен со интерпретација на еден или двајца радиолози.

Кај вкупно 244 жени или 28% од испитаните кои беа отповикани од скрининг поддржан од вештачка интелигенција беше откриено дека имаат рак на дојка, споредено со 203 жени или 25% кои беа отповикани од снимањето со стандардна нега. Ова придонесе да се детектираат повеќе од 41 крациноми на дојка со помош на ВИ.

Користењето на ВИ не генерираше лажни позитиви каде една снимка е погрешно дијагностицирана како абнормална.

Авторите на студијата соопштиле дека во групата каде снимките се правени со помош на ВИ имало 36.886 помалку читања од радиолози споредено со групата што примила стандардна нега, што е намалување од 44% на работата на радиолозите.