Најстариот вид на медуза некогаш забележан беше откриен во фосили што датираат од пред 505 милиони години.
Научници фосилите ги откриле областа Бургес Шале во Канада, позната по бројот на добро сочувани фосили кои биле откриени таму.
Новоткриениот вид кој го доби името „Burgessomedusa phasmiformis“ наликува на голема медуза која плива со чинија или има тело во облик на ѕвонче високо 20 центиметри. Нејзините 90 кратки пипала би ѝ овозможиле да улови добар плен.
Медузите се дел од подгрупата „Cnidaria’, најстарата група на животни што постои, наречена „Medusozoans“. Телото на медузите содржи 95% вода поради што e многу лесно да се распаднат и затоа е тешко да се пронајдат фосилни примероци. Сепак примероците пронајдени во доцните 1980-ти и раните 1990-ти се неверојатно сочувани.
„Пронаоѓањето на толку неверојатно деликатни животни сочувани во слоевите на карпите на овие планини е чудесно откритие“, изјави д-р Жан Бернард Карон, коавтор на истражувањето.