Фантастични фотографии од последните фази во животот на далечна ѕвезда улови Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
Фотографиите прикажуваат неверојатно ниво на детали во структурата од светлечки гас во вид на крофна позната како Маглината Прстен.
Оваа маглина оддалечена околу 2.600 светлосни години од Земјата е родена од ѕвезда во умирање која ги испуштила своите надворешни слоеви во вселената.
Според научниците, овие фотографии можат да обезбедат клучни податоци за животниот циклус на ѕвездите.
Заедно со впечатливите детали на шарената обвивка на маглината, фотографиите го откриваат и внатрешниот регион околу централното бело џуџе со огромна јасност, вели д-р Мајк Барлоу, еден од предводниците на тимот астрономи кои ги објавија фотографиите.
„Сведочиме на последните поглавја од животот на ѕвездата, најава за иднината на Сонцето во далечната иднина и Телескопот „Џејмс Веб“ отворија нов прозорец во разбирањето на овие воодушевувачки космички настани. Можеме да ја користиме Маглината Прстен како наша лабораторија за проучување како се формираат и еволуираат планетарните маглини“, објаснува Барлоу.
Таканаречените „планетарни маглини“ се погрешно име кое датира од 18 век, кога астрономот Вилијам Хершел погрешно ги протолкувал искривените облици на оние на планетите. Маглината Прстен е позната „планетарна маглина“, која се наоѓа во Соѕвездието Лира и е видлива преку летото.
Формирана е кога ѕвезда во умирање испуштила најголем дел од нејзината супстанца во вселената, создавајќи разни форми, светлечки прстени и тенки облаци кои изгледаат како да се брануваат кон надвор.
„Воодушевени сме од деталите во фотографиите, подобри од било што досега видено. Отсекогаш сме знаеле дека планетарните небули се убави. Сега гледаме дека се спектакуларни“, вели професорот по астрофизика Алберт Зијлстра, од Универзитетот во Манчестер.