Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан е осуден на три години затворска казна поради обвинувања за корупција.
Кан е обвинет затоа што не пријавил пари заработени од продажба на подароци што ги добивал во неговата канцеларија додека ја вршел функцијата на премиер. Тој ги отфрли ваквите обвиненија и изјави дека ќе поднесе жалба.
По пресудата Кан беше приведен од неговиот дом во Лахоре.
Тој беше поранешен играч на крикет, а потоа стана политичар, по што во 2018 година беше избран за премиер, но беше сменет со гласање недоверба минатата година откако се спротивстави на пакистанската војска.
Сега тој се соочува со повеќе од 100 случаи покренати против него од неговата смена. Тој вели дека сите обвиненија се политички мотивирани.
Саботната пресуда се фокусираше на обвиненијата дека тој неправилно ги пријавил деталите за подароците од странските достоинственици и приходите од нивната евентуална продажба.
Подароците наводно вредат повеќе од 635.000 американски долари, а меѓу нив имало и часовници „Ролекс“, прстени и манжетни.