Музичкото дуо „Ларет“ ќе одржи концерт во вторник (8 август) во кафе-книжарницата „Буква“.
„Томе Илиев и Серафим фон Вера (Seraphim von Werra), кои започнуваат заедно во бендот The Nozez, го претставуваат својот прв албум како дуо — „Ларет“. Поканет е и нивниот стар пријател Адриан Бекли (Adrian Böckli)“, велат од „Буква“.
Композициите на „Ларет“ комбинираат светски џез со музика од Балканот и се инспирирани од македонските ора.
„Музиката звучи како да истуриле нестандардни ритми, средновековен тембр, меланхолични мелодии и смели импровизации во голем котел, па сето тоа замешале до соединување, вовлекувајќи го слушателот во пределот на соништата“, пишува во најавата за настапот.
Концертот ќе започне во 21 часот.