Новото, осмо издание на музичкиот настан „Демирхисарски Рок Хепенинг“ ќе се одржи на 20 август на Градскиот плоштад во Демир Хисар.
Оваа година ќе настапат бендовите „Лајв Вајр“ од Скопје, „Саунд Вејвс“ од Битола, „Кросроад блуз бенд“ од Прилеп, „Синхро“ – трибјут бенд на ЕКВ од Ресен и „Ревелејшн“ од Демир Хисар.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар и е во рамките на овогодинешното Демирхисарско културно лето.