Русија ја лансираше првата ракета до површината на месечината по речиси половина век, со обид да стане првата земја која слетала на лунарниот јужен пол.
Московската мисија Луна 25 утрово тргна од космодромот Восточни што се наоѓа на рускиот Далечен Исток.
Научниците веруваат дека лунарниот јужниот пол содржи наслаги на вода.
Руската мисија се натпреварува со индиската „Чандријан 3“ што полета кон Месечината минатиот месец и веќе успешно орбитира околу неа.
Шефот на руската вселенска област изјави дека ракетата се очекува да слета на 21 август. Паралелено, на почетокот на оваа недела беше предвидено дека „Чандрајан 3“ ќе ја допре површината на јужниот месечев пол на 23 август.