Дипломите добиени на Оксфордскиот универзитет се најдобри во светски рамки, посочуваат високи функционери и експерти за вработување во водечките светски компании.
Рангирањето и истражувањето насловено„ Global Employability Survey “, го направија француската консултантска фирма Emerging и германската Trendence.
Тие направиле анкета во која ги запрашале менаџерите кои регрутираат кадри како би го опишале совршниот кандидат и од кои високообразовни институции би сакале кандидатите да поседуваат диплома.
Високи 22 % од испитаниците, велат дека универзитет на кој завршил кандидатот кој кај нив конкурира за работа е пресуден фактор, за 45 % пак ова е важен фактор.
Еве кои се 20 -те универзитети , чии дипломи се ценат најмногу според ова истражување:
1. University of Oxford (Велика Британија)
2. Harvard University (САД)
3. University of Cambridge (Велика Британија)
4. Stanford University (САД)
5. Massachusetts Institute of Technology (САД)
6. Princeton University (САД)
7. Columbia University (САД)
8. Yale University (САД)
9. California Institute of Technology (САД)
10. University of Tokyo (Јапонија)
11. Technical University Munich (Германија)
12. University of California, Berkeley (САД)
13. University College London (Велика Британија)
14. University of Toronto (Канада)
15. University of Edinburgh (Велика Британија)
16. École Polytechnique ParisTech (Франција)
17. H.E.C. Paris (Франција)
18. Hong Kong University of Science and Technology (Хонконг)
19. École Normale Supérieure Paris (Франција)
20. Australian National University (Австралија)
Целата листа може да ја пронајдете ОВДЕ.