Бројот на загинати во пожарите на Хаваи се искачи на 89 и се очекува да расте

Откако бројот на загинати лица во пожарот на островот Мауи на Хаваи се искачи на 89 лица, властите предупредија дека барањето и идентификацијата на загинатите сѐ  уште е во рана фаза. Со оваа бројка на загинати, пожарот е најсмртоносната катастофа во САД во последниот век.

Спасувачките екипи придружени со кучиња-трагачи досега пребарале само 3 отсто од погодениот реон, а од полицијата истакнаа дека сѐ уште преостанува да се пребара реон од над осум километри.

„Ова е најлошата катастофа што се случила во Хаваи“, изјавил Џош Грин, владин претставник во посета на историскиот град Лахаин на Хаваи, додавајќи дека сега фокусот е на тоа одново да се спојат преживеаните со своите семејства и да добијат засолниште и здравствена помош.

Над 2.200 згради беа уништени во западниот дел од островот Мауи, а 86 отсто биле станбени објекти. Според Грин, штетата се проценува на околу шест милијарди американски долари.

Засега, потребно е засолниште за околу 4.500 лица, податок кој бил објавен од страна на Федералната агенција за справување со кризи и Центарот за катастрофи на Тихиот океан.

Бројот на загинати во пожарите на Хаваи се искачи на 55 и се очекува да расте