Во понеделник (21 август) со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт на „Портрон Портрон Лопез“ во Ла Кања.
„’Portron Portron Lopez’ су помакедончени французи. Највероватно овој е 4то доваѓање куде нас. Инструментална, енергична тројка која издува све пред себе, од Парис до Куманово“, вели Бобан Доцевски од „Boiling Point“.
Во меѓувреме, Бојан Станиќ од „Ponder.mk“ вели „во бенд кој се состои од три члена, двајца се гитаристи а нивното свирење е како два тркачки автомобили кои на планински пат се престигнуваат еден со друг па дури и на критични места“.
Влезот на концертот е донација.