Вечерва со почеток во 19:30 ќе се одржи промоција на романот „ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД СЕНКА Тајното женско училиште“ на Дијана Петрова. Промоцијата ќе се одржи во Спомен домот на Браќа Миладиновци.
„Романот на Дијана Петрова ‘Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)’ доаѓа како мелем за сите оние нешта што останале премолчени или недокажани, а се врзани околу дејноста на браќата Миладиновци. Струшката промоција токму во домот на Миладиновци е начин да се покаже дека тоа е препознаено, како и да прати порака до сите намерници кои Миладиновци ги упатило кон Струга и Македонија, да ја прочитаат и оваа книга“, се посочува во најавата за настанот.
Петрова е родена во 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословени книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е нејзина трета објавена книга.