Втора година по ред, фестивалот за хип-хоп култура на 25 август ќе се одржи во Домот на култура „Димитар Влахов“ и плоштадот Коцка во Автокоманда.
Со почеток во 15 и 30 часот, фестивалот ќе понуди запознавање со пораките што ги носи хип-хоп културата и рап музиката преку диџеј работилници, концерт и настапи на македонски рап артисти.
На работилницата за диџеи, преку менторството на диџеј Popeye, младите ќе имаат можност да се научат за грамофоните и скречувањето, а настанот ќе се одржи на отворено и е наменет за млади постари од 10 години.
Од 17 и 30 часот, во Домот на култура „Димитар Влахов“, присутните ќе може да го проследат „Tiny desc concert“, музички настап на раперите Кацар и Мартикс.
Од 19 часот, на плоштадот „Коцка“ ќе настапат Д.С.Ш., Огнен Боксбитер, Кискинов, Бибич, Кацар, ЛД Пистолеро и диџеј Гоце САФ заедно со Ронин, по што ќе следи диџеј сет на Гоце САФ.
Свое претставување ќе има и танцовото студио „Еурека“ и еМСи Јан.
Организаторите посочуваат дека влезот за сите настани е бесплатен.