Јубилејното, петто издание на музичкиот фестивал Андерфест кој ќе се одржи на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ), овојпат ќе понуди музичка програма со фокус на алтернативната рокенрол домашна сцена.
На фестивалот ќе настапат шест бендови, составени од млади уметници и тоа „Преку ред“, „Ред 18“, „Конспираси“, „Луфтханза“, „Пич вајс“ и „Последен удар“
„Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари“, велат организаторите.
Тие посочуваат дека продажбата на билети е започната, а картите се достапни онлајн, дополнувајќи дека цената на првите 100 билети е 300 денари, потоа 400 денари, а влезот на врата ќе изнесува 500 денари.