На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Што ги одбележа минатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. Сексизмот лае, кликовите си врват
Кога на својот личен Фејсбук профил, Рита Бехадини се спротистави на статус од верско лице, односно оџа од Сарај, поврзан со улогата на жените во општеството, таа се соочи со лавина од негативни коментари, но и експлицитни закани по живот.
„Тоа секогаш се случува кога пишувам за родови прашања“, вели Бехадини за Радио МОФ, дополнувајќи дека најчесто очекува закани и кога пишува новинарски текстови за табу теми, неприфатливи за нашето општество.
Новинарката Бехадини вели поради нејзината професија, со говор на омраза се соочувала и претходно, особено кога пишувала за сексуално образование или религија.
2. Кој земаше највисока, а кој најниска плата во јуни [Инфографик]
Просечната нето-плата во јуни 2023 година во Северна Македонија изнесувала 36.527 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 14,6% повисока од просечната нето-плата за истиот месец лани.
Истовремено бројките покажуваат дека разликата меѓу најниската и највисоката плата по дејности изнесува повеќе од 76 илјади денари.
Ние подготвивме визуелен приказ од десетте најмногу и најмалку платените дејности според последните податоци на статистичарите.
Кој земаше највисока, а кој најниска плата во јуни [Инфографик]
3. „Помеѓу револуциите“ освои „Кромид“ за најдобар филм, „Македокс“ го заокружи овогодишното издание
Комисијата за доделување на наградата „Кромид“ за најдобар филм во Главната програма во состав Наталија Либет, Родолфо Кастиљо – Моралес и Јелена Максимовиќ наградата ја додели на документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри.
„Главната награда ја доделуваме на документарецот, чиј автор и косценаристи задираат преку револуциите и граѓанските немири за да откријат гласови од жени од една далечна ера. Сепак, нивните надежи и желби, љубовта и пријателството ни носат неверојатни емоции нам, модерната публика, сега и овде“, стои во образложението.
„Помеѓу револуциите“ освои „Кромид“ за најдобар филм, „Македокс“ го заокружи овогодишното издание
По обвинувањата во јавноста дека и во новата учебна година институциите потфрлиле и учениците повторно ќе се соочуваат со недостаток на учебници по одредени предмети од Министерството за образование и наука (МОН) повикаа да не се шират дезинформации и политичките субјекти да помогнат за унапредување на квалитетот на образовниот систем преку конструктивни сугестии.
Од МОН велат дека учебници за учениците ќе има, но истовремено посочуваат дека мал дел учебници, кои не се испечатени се всушност сé уште во постапка, односно за одобрување на истите одлучува Националната комисија за учебници, по чија одлука и тие ќе бидат испечатени и испорачани. За овие предмети ќе има на располагање електронски помошни материјали за учениците.
5. Шпански активисти поставуваат лажни знаци на плажите во Мајорка за да ги избркаат странските туристи
Група активисти поставуваат лажни предупредувачки знаци на плажите низ Мајорка во Шпанија со цел да ги одвратат странските туристи.
На дел од знаците стојат пораки како „опасни медузи“, „опасност од одрони“ или пак дека морето е загадено. Други знаци пак лажно известуваат дека плажите се затворени со симбол дека е забрането пливање или пак дека е потребно да се пешачи со часови до океанот, иако тој се наоѓа на само 100-тина метри од знакот.
Додека овие известувања се напишани на англиски јазик, сепак подолу со поситни букви на каталонски јазик е напишано дека овие предупредувања се лажни и дека проблемите не се медузите или одроните туку масовниот туризам.
Шпански активисти поставуваат лажни знаци на плажите во Мајорка за да ги избркаат странските туристи
Бонус:
#РаскажиМи: „Јазик“ од Јован Стрезовски
Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Јазик“ од Јован Стрезовски, писател и поет кој со ова дело е застапен во антологијата на македонскиот кус расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“, во издание на „Темплум“.