Источен регион во Кина нуди награда, односно субвенција во висина од 1000 јени (137 долари) за секој склучен брак во кој невестата е помлада од 25 години.
Ова е една од серијата мерки за раст на бројката на бракови меѓу млади луѓе, откако кинеските власти се загрижени поради падот на наталитетот.
Според властите, кој ја објавиле субвенцијата на социјалните мрежи, наградата е за промоција на „склучување на бракови и бременост во вистинската возраст“, а можат да ја добијат парови кои се венчаат за првпат. Серијата мерки за раст на наталитетот вклучува и субвенции за плодност, нега на деца и образование.
Загрижени поради првиот пад на кинеската популација во период од шест децении, а во време кога населението старее, властите се обидуваат да воведат мерки како финансиски олеснувања и подобрени институции за нега и воспитување на децата.
Минималната законска возраст за брак во Кина е 22 години за мажи, а 20 за жени, но бројот на парови кои се венчаат е намален.
Бројката на склучени бракови во Кина, достигна рекорден пад во 2022, кога во земјата биле регистрирани 6.8 милиони бракови, најниска бројка од 1986 година, покажуваат податоци на кинеската Влада. Според податоците, минатата година имало 800.000 помалку бракови од 2021 година
Високите цени за одгледување на деца и заканата од губење на работните места, прават многу жени да го одложуваат раѓањето на деца, или воопшто да не го земаат предвид. Истовремено, состојбата е дополнително влошена порад родовата дискриминација и традиционалните стереотипи кои сѐ уште се присутни во земјата.
Лошата економска состојба на земјата и сиромаштијата меѓу помладите генерации исто така се причини поради кои младите кинези одговорите дека не сакаат да склучат бракови и да имаат деца.