Пред влезот на селото Жировница, под Националниот парк Маврово, денес биле застрелани три мечки, односно една возрасна единка и две мали мечиња, информираат од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
Оттаму велат дека утрово, по мејл и телефон биле информирани дека во 8 и 30 часот, од страна на ренџерската, односно чуварската служба на националниот парк, биле забележани три застрелани мечки.
Информацијата ДИЖС ја добиле од страна на ЈУ НП Маврово, по извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на виш инспектор за природа од Одделението за инспекциски надзор во природата-Запад.
„Телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за шумарство и ловство“, велат од ДИЖС.
Оттаму додаваат дека при вонредниот инспекциски надзор изготвиле Записник за констатација од страна на при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, дополнувајќи дека од страна на полицијата ќе се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот.
На местото бие присутни и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку, кафеавата мечка е строго заштитен вид под трајна забрана за лов согласно членовите 9 и 13 од Законот за ловството (2009), кафеавата мечка е строгозаштитен вид под трајна забрана за лов.
Вклучена е како строго заштитен вид во Листата на национално заштитени диви видови од Законот за заштита на природата.