Митовите кои се поврзуваат со бездомниците, како на пример дека тие ги трошат своите приходи на алкохол, дрога или слично пороци, се срушени со нова студија, според која, мнозинството бездомни лица ги користат субвенциите и приходите на кирија, храна, засолнување, превоз и облека.
Според истражувачите, студијата ги посочува потешкотиите за создавање на политики кои ќе го намалат бездомништвото. Тие велат дека токму приходите дадени на бездомниците во рамки на студијата, го намалиле бездомништвото, што ги потврдува барањата за давање на гарантиран основен приход кој ќе им помогне на возрасните да ги покријат основните трошоци.
Истражувачите на Универзитетот на Британска Колумбија ги следеле трошоците на 50 бездомни лица на кои им биле дадени 7.500 канадски долари, а наодите ги објавиле во издание на Националната академија за науки.
Истражувањето било основано на претходна американска студија во која учествувале 1.114 лица, а според наодите луѓето немале доверба во бездомните лица за тоа како тие менаџираат со своите финансии. Испитаниците верувале дека доколку бездомни лица добијат 7.500 долари во кеш, тие ќе ги потроат на цигари, алкохол или дрога.
Канадските истражувачи решиле да ја тестираат теоријата, па на 50 бездомни лива од Ванкувер им дале по 7.500 канадски долари и ги споредиле нивните трошоци со контролна група од 65 бездомници кои не добиле финансии.
Според наодите, бездомните лица кои добиле финансии, поминале 99 надвор од улиците, за разлика од контролната група, а дополнително, тие ги зголемиле своите заштеди и помалку ја „потрошиле“ заедницата користејќи ги услугите на државните центри за бездомници.
„Кога луѓето го добија еднократниот приход, парите ги потрошиле на работи на кои би ги потрошил секој човек – дом, облека, храна и превоз, а не на дрога или алкохол“, изјавил Џијаинг Зао, професорт по психологија и водач на истражувањето.
Наодите од студијата доаѓаат во време кога властите во Канада се под голем притисок од групите за човекови права кои бараат од нив да се воведе универзален приход кој ќе го намали трошокот за живеење.