Град Скопје информира дека како дел од културната понуда во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, вечер (2 септември, сабота) на локација кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк, организира филмска вечер на отворено со проекцијата на македонскиот филм „Панкот не е мртов“.
Филмот од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.
„Бесплатните кино проекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на македонски филмови“, велат од Град Скопје.