Седмото издание на „Поетска епизода“, како дел од фестивалот „AртАреа / Артерија“, ќе се одржи во недела (17 септември) од 21:30 часот во скопската кафе-книжарница „Буква“.
Оваа епизода е посветена на поетиката на Скопје, неговата издржливост, солидарност и љубов.
Поети кои публиката ќе ги слуша оваа вечер се: Иван Џепаровски, Васил Ханџиски, Никола Маџиров, Биљана Стојановска и Васко Марковски.
На настанот ќе бидат прикажани и четири филмови за Скопје инспирирани од поезијата на неколкумина македонски поети, а во авторство на Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева и Диме Данов, кои настанаа како дел од проектот ,,Стиховно мапирање на Скопје” на издавачка куќа „ПНВ Публикации“
Книжевната вечер е поддржана од фестивалот „АртАреа / Артерија“, издавачката куќа „Бегемот“, Europe House Skopje, кафе-книжарницата „Буква“ и издавачката куќа „ПНВ Публикации“.
Настанот ќе го модерираат Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска.