Во четврток, 21 септември со почеток во 20 часот во Големата сала на Филхармонијата ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопштија од Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).
„Под диригентската палка на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, кои заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведат делата: ПАСАКАЉА за симфониски оркестар на тема од Божидар Апих од композиторот Томислав Зографски, ПАСТОРАЛИ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски, концертот за пијано и симфониски оркестар IN 5 од Александар Лековски и делото СТАРА ПЕСНА – концертни сцени за симфониски оркестар од композиторот Томе Манчев“, се посочува во најавата.
Влезот на концертот е слободен.