Танц, музика, книжевност, работилници и прошетки по маало на второто издание на „Маалски фестивал“

КСП Центар-Јадро од 22 до 24 септември го најавува второто издание на Маалски фестивал.

„Ве очекуваме на најголемата маалска забава во Скопје. Спремете се за неверојатна авантура исполнета со танц, музика, книжевност, прошетки по маало, работилници, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар! Дојдете сите – мали и големи! Во духот на заедништвото, креативноста и уметноста секој ќош на фестивалот ќе биде исполнет со културни настани, изведби и забава за сите возрасти!“, велат од таму.

Маалски фестивал во соработка со Општина Центар ќе започне во КСП Центар-Јадро.

Покрај во просториите на Јадро, дел од фестивалската програма ќе се случува на различни локации низ градот.

„Во општинските основни училишта ќе имаме креативни книжевни и ликовни работилници за деца. Во парк ќе рециклираме материјали и ќе изработуваме урбана опрема. За време на фестивалот ќе ја трансформираме боемска во мал уличен базар. Ќе гледаме филмови, театарски и танцови перформанси низ маалските улици. Под вашиот прозорец ќе довикуваме поезија и ќе свириме на чуднозвучни инструменти… Затоа ајде, драги наши соседи и пријатели, заедно да продолжиме да ја создаваме нашата маалска приказна!“, стои во најавата на Центар-Јадро.

***

Детална програма:

ПЕТОК 22 СЕПТЕМВРИ 

Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало
| Работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев |
Монтажна/Мобилна Галерија, Парк на Франкофонија, 12:00 – 16:00 часот

Детска работилница за изработка на костими од картони, под водство на Доротеј Нешовски
ОУ „Коле Неделковски“ 13:00 – 16:00 часот

Детска Парада на картонски костуми
ОУ Коле Неделковски – КСП Центар Јадро
17:00 часот

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 2023

Изложба на дизајни и фанзини, кЛИК, сЛИК – сподели кирилица – изложба на изработените текстови и слики од историмената работилница на менторките Марија Бошковска и Ивана Смилевска
КСП Центар Јадро, 19:00 часот

Промоција на новиот мурал на КСП Центар Јадро од уметниците Белкис Аксу и Мурат Калкаван

DJ indog 19:00 часот
DJ Мартина Пенева 21:00 часот
КСП Центар Јадро

САБОТА 23 СЕПТЕМВРИ 

Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало
| Работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев |
Мобилна Галерија, Парк на Франкофонија 12:00 – 16:00 часот

Работилница за изработка на чуднозвучни музички инструменти, ментор Тома Димовски
Мобилна галерија, Парк на Франкофонија, 12:00 – 16:00 часот

Маалски Базар и мал саем на книги 12:00 – 19:00 часот
Боемска улица

Поетско читање
Пазар Буњаковец, клупа на Горан Стефановски, Езерце – Градски парк
12:30 – 13:30

Танцов перформанс на Битрикс
Кај клупата на Горан Стефановски 12:45 часот

Раскажување маалски приказни
Клупа на Горан Стефановски, Дебар Маало 13 часот

Кино проекции
Ул. Илинденска, Културен центар ОЗ 18:00 часот

– П Р А Т Е Н И К О Т –
Театарска претстава по текст на „Народен пратеник“ на Бранислав Нушиќ и документарни материјали
Продукција: Интимен Театар – Битола
КСП Центар Јадро, 20:00 часот

НЕДЕЛА 24 СЕПТЕМВРИ 

Промоција на ЦД „Срча“ по повод јубилејот од 15 години на Фестивалот БОШ
КСП Центар Јадро, 18:00 часот

Изложба на стрип-табли нацртани од Горанд Дачев за графичката новела „Зомбиленд“ по текст на Емил Алексиев
КСП Центар Јадро

Концерт на „Mammoth & Yashem“
КСП Центар Јадро

***

Дел од минатогодишната атмосфера на фестивалот: