На 23 септември (сабота) со почеток во 20 часот, па се до раните утрински часови следниот ден, ќе се одржи 13 јубилејно издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, кој повторно свеж звук во Скопје.
На пет бини во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе настапат повеќе од 20 артисти од 11 земји од Европа. Како и секоја година, програмата на фестивалот цели кон жанровска разновидност, нови и надежни артисти како и веќе етаблирани музичари во својата музичка кариера.
„Надоаѓачките артисти се срцевината на фестивалот“, велат од МКЦ.
Во салата 25 Мај во МКЦ, популарно познта како Денсинг сала како централниот настан ќе го отвори настапот на рускиот џез панк состав Оми, по кој следи фолк сензацијата Џутко и Плодови Земље од Хрватска, потоа домашниот состав Мај Тиар со нов состав и најава за новиот албум, хрватската психоделична банда „Немања“ за на крај вечерта на оваа бина се затвори со долгоочекуваниот настап на хрватскиот анти рапер Војко В и Доуп Куќата.
За Киното Фросина, од МКЦ велат дека е наменето за млади надоаѓачки артисти кои имаат на кои дел од нив настапот на „Здраво млади“ им е посебен предизвик во нивните свежи кариери. На оваа бина, ќе се проследат настапите на новата звезда на српската поп музика Жива, португалката маѓионичарка на уку лелето Рита Брага, домашниот џез фолк состав Калата и францускиот рапер Јоланде Башинг.
Клубот МКЦ е резервиран за електронските артисти на фестивалот. Овде, публиката ќе има прилика да го чуе легендарниот рокенрол изведувач Иан Свенониус и неговиот последен проект Ескапизам, францускиот електронски артист чиј настап долго се очекува YMNK, кралевите на кумбијата Маускович Денс Бенд, италијанците Планет Опал и звездите на вечерта, британците PVA, кои за многу кратко време ќе се искачат многу високо на светските топ листи.
Џебното кино во МКЦ е резервирано за промоција на литературно музичкиот колектив Слово Култ со настап на три електронски артисти, ЏејДи Зази, Елизабета Костадиновска и Маргарет Аноун.
На платото пред МКЦ пак, со свој диџеј сет ќе не загреваат во текот на целата фестивалска вечер – резидент диџејот на „Здраво Млади“, диџеј Фиц заедно со поддршка од локалните диџеј уметници Ајнур Касо и Ертунч Сали.
Ова е плејлиста со теми од артистите што ќе настапуваат на „Здраво млади“:
„Младински културен центар ветува уште едно спектакуларно издание на фестивалот, кој оваа година е финансиран од страна на Министерството за култура и Град Скопје, како и настапите на артистите кои се дел од програмата Лајвјуроп“, соопштува МКЦ.
Билетите се по цена од 800 денари се до денот на фестивалот. Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ или на онлајн линкот за продажба на билети на МКЦ.
Во продолжение, потсетуваме на атмосферата и случувањата од претходното, 12-то издание на фестивалот: