Во склоп на прославата на Европската недела на мобилност 2023, група млади еко-активисти на „Go Green“ направија акција „Сенки за микромобилност“ на булеварот „Трета македонска бригада“.
Тие лоцираа проблем: нема доволно сенки, а температурите се многу високи.
Оттука, бараат повеќе дрвја што значат повеќе сенки, а тоа значи подобри услови за пешаците и велосипедистите.
Активностите се дел од проектот „Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.