#ПетАлбумиЗаПоДома на Александар Анѓелковиќ

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Александар Анѓелковиќ.

Тој скромно би се претставил како широкоумен, космополитски средношколец со вечна дилема дали да биде студент по професија и револуционер во интервали или револуционер по професија и студент во интервали. Ко-сопственик е на ОVC колектив и во свои зборови „Non-participating intellectual with a passion for Hegel, Marx, Engels, Tito & Mayakovsky“.

Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Анѓелковиќ, со негов осврт кон одбраните музички парчиња:

***

1.Kино Последний герой (1989)

Едно од многуте ремек дела на советскиот бенд Кино албумот Последний герой служи како глас на тогашната советска младина, која иако била под константен притисок од властите  успеала да се избори за промена, културно изразување и да го преземе факелот на надежта кон идните слушатели. Самиот албум ни дава глетка кон животот во СССР и самите песни воедно ја комплетираат таа слика коа авторите сакале да ја пренесат. Честопати кога се навракам на песните од овој албум од кој би сакал да ги издвојам Хочу перемен и  Последний Герой ми дава надеж за понатамошна општествена промена како и дека се е возможно доколу еден поедниец се обиде. Но сепак оптимизмот се доведува до реалност кога слушателот ќе ја искуси песна како  Электричка во која се опишува човек заглавен во воз кој оди во погрешна насока кој бендот го користи како пример за тогашниот живот во СССР. Ако се борите за подобро утре топло препорачувам да се запознаете со делата на Виктор Цои и бендот КИНО.

2.Pink Industry – New Naked Technology (1995)

Кратко кажано еден од најдобрите албуми кој биле издадени од целокупната културната сцена која цветала во Ливерпул.  Pink Industry  иако пост-панк бенд служат како основоположници на електронската музика во Англија. Преку нивните дела успеале и да инспирираат Apex Twin да го продолжи своето уникатно творештво со чија помош и финансии овој албум е преснимен и пуштен во пошироката јавност. Кога се навракам на музиката на Pink Industry се сеќавам на првите денови во корона периодот и како нивната музика ме инспирираше покреативно да се изразувам особено кога цртавме графити низ Скопје со моите „Partners in crime“ ;)

3.Delroy Edwards – Hangin’ at the Beach (2020)

Добар албум и добар вајб за утринско кафе особено изведена преку уникатниот outsider техно стил на клупската сцена во Америка.


4.Various – Too Much Future Punkrock GDR 1980-1989 (2020)

Колекција создадена од најголемите иноватори во рок музиката во осумдесетите години Too Much Future Punkrock GDR 1980-1989 е колекција на дела од млади артисти кој твореле во источна Германија. Преку овој албум се инкапсулира филозофската мисла на Серен Кјеркегор „Angst“ со која преку целокупното творештво на овие млади ентузиасти се осеќа нивниот пркос кон општествената неправда. Тука би ги издвоил бендови како Namenlos, Planlos и Fraktion.

5.Kedr Livanskiy – Your need (2019)

Уникатен албум со уникатен пристап кон целокупната музичка изведба и мојот личен Number 1  кога се работи за електронската сцена.

Како бонус би сакал да ги спомнам друштвото од АМОК радио и сите сетови кој ги имам слушано во живо и позади екранот. Тука би сакал да ги издвојам рубруките In-between на Мартина Пенева, Monthly operation на Бојан Јанев. Како бонус би го напоменал и на Андреј Мицајков – Spato rare groove mix и Траката на TV girl – I wonder who she’s kissing now.

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка СтанковиќЕна Утевска

* * *