Радмила Периќ и Мартин Ангелов, лица со оштетен слух кои во Битола го отворија првото знаковно кафуле „Улаф сте“, се првите гости во новиот серијал подкасти „Зготви инклузија“ кој го објави Младинскиот образовен форум.
Станува збор за прв кафе бар во државата во кој домаќините се лица со оштетен слух, место кое ќе ви понуди нешто сосем различно од она на што сте навикнати. Тие со своите гости комуницираат на знаковен јазик, а менијата се направени така да ви објаснат како да нарачате што ви дава можност и нешто ново да научите.
Тие зборуваат за важноста од стандардизација на знаковниот јазик, за потребата од поголем број на толкувачи, за нови иницијативи и за потенцијалите што луѓето со слична или различна попреченост ги имаат.
Овој медиумски производ е изработен во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding што го спроведува UNFPA North Macedonia во партнерство со UN_MK и UNDP MK.