Групната изложба „Неоматеријални изрази“ на авторите Мирјана Тромпеска, Дарко Талески, Софија Грабулоска, Јасмина Руневска, Богдан Грабулоски и Виолета Блажеска се отвори на 23 септември во Завод и музеј Битола.
Организаторите посочуваат дека “Неоматеријални Изрази” е уметничка изложба која ја истражува врската помеѓу материјалноста и неоматеријалноста во епохата на дигиталната револуција.
„Овој уметнички проект претставува дела од искусни уметници кои го испитуваат концептот на неоматеријалност, и како истата влијае врз нашата перцепција и уметничка креативност. Изложбата ќе вклучува интеракција помеѓу традиционалните ликовни техники и дигиталните интервенции, пренесувајќи уметност во посреден свет на неоматеријалната реалност“, посочуваат тие.