Гостување на хрватскиот книжевен критичар Никола Гамилец утре во Тетово

Хрватскиот книжевен критичар, публицист и новинар Никола Гамилец утре (29 септември) ќе гостува во Тетово на несекојдневни разговори за современата хрватска книжевност.

„Станува збор разговори и ретроспективен ‘пресек’, испратен со бројни прашања и дилеми, но и со одговори и нови перспективи“, се вели во најавата.

Настанот „Разговори“ ќе се одржи во „Лирак“ со почеток во 19 часот.

Гамилец има студирано додипломски, постдипломски и докторски студии на Универзитетот во Загреб. Професионално се има усовршувано на BBC и IWPR Институтот во Лондон. Има објавено повеќе од 500 стурчни трудови, анализи на хрватски, чести и англиски јазик. Последните години уредува, рецензира и пишува предговори и книжевни критики на новите изданија на современата хрватска книжевност како и на книги од подрачјето на Југославија.

Настанот го организира Македонско – хрватското друштво.