Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ утре (понеделник, 9 октомври) од 21 часот ќе се одржи концерт на триото „The Homesick“ од Холандија.
Од „Ла Кања“ велат дека „The Homesick“ гостуваат по втор пат во Скопје, а во нивните три албуми може да се слушне колку многу неверојатни различни варијации може да се користат во пост панк жанрот.
„Почнувајќи од гитарски наивен пост панк па преку вториот The Big Exercise (издаден за познатите Sub Pop) каде користат кларинет, акустика и перкусии, па се до третиот мрачен и мелодичен денс/пост панк кој ќе ни го свират во ‘Ла Кања’“, стои во најавата.
За присуство е (не)задолжителна донација.