Општина Сарај со највисока стапка на реализација на приходите по основ на данок на имот во период од половина година. Дел од општините имаат позначајни приходи и од наплата на такси и надоместоци, пишува Порталб.мк. Платите, придонесите и надоместоците се доминантна расходна ставка во општинските буџети.
Приходи и трошења на Струга, Тетово, Чаир, Сарај, Липково
Општина Струга во првата половина од годинава од данокот на имот наплатила 568 400 евра што претставува 35,6% од планираните приходи за целата година по овој основ. Најголема приходна страна се трансферите кои во првите шест месеци изнесувале 6 354 500 евра. Позначителен износ од 1 500 000 евра е слеан во општинскиот буџет преку ставката “даноци на специфични услуги“. На расходната страна за плати, придонеси и надоместоци се исплатиле 5 900 000 евра што претставува и најиздана трошковна ставка. По основ на “други градежни објекти“ се исплатени 785 000 евра а во првите шест месеци оваа општина за купување возила потрошила 52 000 евра. По основ на привремени вработувања се потрошиле 30 000 евра. На приходната страна реализацијата изнесува 44,8% а на расходната страна 44,3%.
Буџетски приходи Буџетски расходи
Општина Струга 44,8% 44,3%
Општина Тетово 46,0% 43,2%
Општина Чаир 42,8% 41,9%
Општина Сарај 35,6% 34,3%
Општина Липково 30,4% 29,4%
Една од поголемите Општина Тетово во првото економско полугодие од данок на имот наплатила 1 012 000 евра што претставува 49% во однос на планот и едена од повисоките стапки во однос на состојбата со наплатата кај останатите анализирани општини. Преку трансфери на сметката на општинскиот буџет се слеале 10 792 000 евра. На приходната страна од продажба на земјиште се наплатиле 127 400 евра а од такси и надоместоци 248 100 евра. На расходната страна од буџетот за исплата на плати, придонеси и надоместоци, за шест месеци, се исплатиле 9 800 000 евра што претставува и највисока трошковна страна на општинскиот буџет. Преку договорни услуги се исплатени 1 131 000 евра а за привремени вработувања 406 000 евра. За шест месеци реализацијата на приходите е со 46% а на расходите со 43,2%.
Скопската Општина Чаир од данок на имот наплатила 675 000 евра што претставува 55,9% во однос на годишниот план што ја вбројува во групата на локални самоуправи со повисока стапка на реализација за период од половина година . Преку трансфери на сметката на оваа општина се исплатени 5 215 000 евра додека од такси и надоместоци се наплатени скоро 162 000 евра. На расходната буџетска страна за плати, придонеси и надоместоци се потрошени 4 602 000 евра. За “други градежни објекти“ се исплатени скоро 570 000 евра а за договорни услуги речиси 500 000 евра. За шест месеци за купување на опрема и материјали се потрошени скоро 44 000 евра. Буџетските приходи се реализирани со 42,8% а буџетските расходи 41,9%.
Наплата на данок на имот ( прво економско полугодие)
Општина Струга 35,6%
Општина Тетово 49,0%
Општина Чаир 55,9%
Општина Сарај 68,4%
Општина Липково 55,5%
Општина Сарај е на прво место во однос на анализираните општини според процентот на остварување на приходите по основ на данок на имот, за пет месеци наплатени се 68,4% или 164 400 евра. Преку трансфери оваа општина добила 3 060 000 евра а една од повисоките приходи ставки е “даноци на специфични услуги“ во износ од 406 000 евра. За плати, придонеси и надоместоци за половина година се потрошени скоро 2 600 000 евра, преку ставката “други градежни објекти“ биле исплатени 374 500 евра а за по основ “субвенции за јавни претпријатија“ 260 000 евра. Преку буџетската ставка “договорни услуги“ за половина година се исплатени 102 500 евра. На приходната страна буџетската реализација изнесува 35,6% а на расходната 34,3%.
Општина Липково од кумановски регион од наплата на данок на имот обезбедила приход во износ од 111 300 евра што претставува 55,5% во однос на планот и ја вбројува во групата на оние со реализација повисока од 50%. Приходите по основ на трансфери во првата половина од годината изнесувале 2 760 000 евра. За плати, придонеси и надоместоци се потрошени скоро 172 000 евра. По основ на “други градежни објекти“ се исплатени 295 000 евра а за договорни услуги скоро 90 000 евра. Оваа општина е со еден од пониските нивоа на реализација на вкупните приходи, за шест месеци 30,4% а расходната буџетска реализација изнесува 29,4%.