Операта „Травијата“ на Џузепе Верди месецов со две изведби на сцената на Националната опера и балет.
„Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на ‘Травијата’ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот“ се вели во најавата за изведбите.
Претставата ќе се изведе на 27 и на 31 октомври со почеток во 20 часот.
На цената ќе настапи домашната солистичка екипа во состав на Ана Дурловски (27 октомври) / Билјана Јосифов (31 октомври), Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска, додека режијата е на германската режисерка Верена Штојбер. Сценограф и костимограф е Софија Шнајдер од Германија, а кореограф Саша Евтимова.