#РаскажиМи & #dumainsumma: „Никаде не припаѓам“ од Теодора Велковска

Овојпат преку рубриката #ИнстаПоезија во #РаскажиМи ја објавуваме песната „Никаде не припаѓам“ од Теодора Велковска.

Песната беше напишана од Теодора на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Мало дете со црвен џемпер со глава на мечка“ на учесничката Мила Јовановска. Цртежот на Мила е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.

Цртежите на книжевните ликови генерирани со вештачката интелигенција и расказите напишани за нив од страна на учесничките, се собрани во големата книга „FEMZINE“ изработена од уметникот Јован Јосифовски.

Никаде не припаѓам

Во куќа, во стан,

со луѓе или сам, 

никаде не припаѓам.

 

Големи, црни крупни очи.

Вечна тишина,

секој звук до мене кочи.

 

Црвено џемперче ми дава среќа,

се лутам, чувствата ги фрлам во црна вреќа.

 

Долга, витка става,

мало дете без глава,

по пат секој поглед ми дава,

со голем прашалник ме остава.

 

Тажна насмевка под маска кријам,

никој не знае колку солзи лијам,

стравот во мене вие,

срцето силно ми чука, ми бие.

По кирилската формула за креирање на ВИ слика: „Мало дете со црвен џемпер со глава на мечка“ од Мила Јовановска

Петочната рубрика #РаскажиМи го промовира македонскиот јазик и современата фикција преку домашни и странски автори кои пишуваат или се преведени на мајчин јазик.

Заинтересираните за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи свои дела може да пратат на info@radiomof.mk,  со куса биографија.