Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден“, за личност која во текот на еден ден ќе ја следи амбасадорката во нејзината работа, ќе присуствува на состаноци и ќе учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата.
„Дали сте девојка на возраст над 15 години и сте заинтересирани да станете шведска амбасадорка на еден ден? Сериозно се грижите за родовата еднаквост, еднаквите можности за жените и девојките, како и за ставање крај на насилството врз жените и девојките.? Сакате да дознаете повеќе за тоа како можете да направите промена?“, стои во повикот на Амбасадата.
На крајот од работниот ден, „амбасадорката на еден ден“ ќе даде краток извештај за работата што ја завршила. Нејзините активности ќе започнат во 08:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот.
Сите заинтересирани кандидати треба да достават мотивациско писмо, препораки, како и кратка биографија во која ќе ги опишат своите интереси и активностите кои би ги презеле за да се промовира или подобри животот на заедницата во која живеат.
Сите детали за конкурсот и начинот на аплицирање може ги најдете на следниов ЛИНК.