Корпорациите владеат – изборот станува илузија

Само десет мега-корпорации во САД контролираат се што се продава на пазарот,  од производи за домаќинството, храна за миленичиња па до производи како што се фармерките.

Корпорациите владеат - изборот станува илузијаСпоред оваа шема, направена преку податоците од Reddit , наречена „Илузија на избор“, синџирот го прават само десет мега-корпорации. Имињата се добро познати, но неверојатно е да се види како тие меѓусебно се испреплетуваат кога станува збор за производство и за освојување на пазарот.

Како се одвиваат врските? Картата покажува цел микс од мрежи, па одредени компании можат да бидат замо сопственици на еден производ,  да имаат удели и акции , или може да бидат партнер со нивната филијала од мрежи. Така на пример , Кока-Кола не го поседува Монстер, но дистрибуира енергетски пијалаци.

И ова не се однесува само на компаниите со производи за широка потрошувака. Ваквите групирања се појавуваат и кај медиумите. Последниве децении, вестите и информациите, односно 90 % од медиумите се контролирани од само шест компании, за разлика од 50 компании колку што имало во 1983 година, покажува  , според инфографикот подолу изработен во текот на минатата година.

Корпорациите владеат - изборот станува илузија

Извор