Неколку важни вести за игри беа објавени деновиве, кои ќе побудат интерес од гејмерите, пишува Мета.мк.
Во екот на исчекување на новата Близкон конференција на која Близард откриваат вести и новости за развивање на нивните игри во нови варијанти, излезе видео со монтажа која вешто збуни голем дел од гејмерската популација, а ги насмеа повеќето што го сфатија вицот.
Видеото што е одлично направено е со референца како веќе познатите Honest Trailers од Screenjunkies – серијал за кое креаторите ги номинираа за наградата Еми. Во тој стил е направено и “If Blizzcon was HonestCon” видеото за Близкон. Имено, монтажерот има направено клип каде имплементира и алатки за вештачка интелигенција за употреба на туѓ глас, со кои може да каже што било во фондот на аудио снимки, како и инкорпорирање на вистински снимки и реченици во гро план од минати настани.
На овој начин, се создава илузија дека навистина тоа се зборува, при што се зборуваат негативни работи што би ги навредиле гејмерите, воедно внесувајќи секакви хумористични наративи – треба да се изгледа за да се доживее ова видео што ќе предизвика многу смеа.
Од другите гејминг вести, информираме и за играта со преживување Граундед, која има понови пачови. Играта е како мешавина од Фортнајт и Арк (за Арк имаме и посебен поранешен напис). Станува збор за игра со преживување, каде најновата варијанта е инспирирана од филмот кој во деведесетите години беше доста популарен филм во времето на видеорекордери и видео касети со наслов Honey I shrunk the kids.
Еве како изгледа преработката во игра на првичната спомената тема, која беше најавена пред три години, а се појави во неодамнешното бесплатно проширување на играта – еден од најновите пачови:
Меѓу флеш вестите што ги издвојуваме е и онаа дека интересот за играта Диабло 4 е опаднат, особено за новата сезона. Сепак, од Близард ја исполираа играта и исполнија различни желби на играчите за промени во играта. Сега е пофункционална од проблемите споменати во претходен напис, иако играта сè уште се соочува со секакви основни проблеми.
За на крајот на овие кратки вести, информираме дека продолжението, односно експанзијата за играта Елден Ринг е потврдена во излагањето за главниот бизнис план на From Software. Иако тие сега се фокусирани на играта Арморд Кор, сепак известија дека се работи и на најновите DLC содржини за Елден Ринг. Но, сè уште нема датум за нејзиното излегување на пазарот.