Објавен е конкурс за избор на студентски правобранител на УКИМ

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УСС-УКИМ) денеска објави конкурс за избор на нов студентски правобранител.

Заинтересираните кандидати треба да се редовни студенти на некој од факултетите на УКИМ и потреби е да испратат биографија и предлог цели за двегодишниот мандат на мејл адресата studentski.pravobranitel@ukim.edu.mk

Конкурсот за избор на нов студентски правобранител е активен до 12 ноември.


Функцијата студентски правобранител на УКИМ досега ја извршуваше Викторија Постоловска.