Во Кинотека на Македонија на 17 ноември ќе има настан каде ќе биде прикажан документарниот филм „Канабисот ослободува“.
Најпрво од 17 часот е најавена дебата со протагонистите од филмот Јанко Пирц и Филип Достовски, потоа од 18 часот е проекција на филмот, а потоа од 19:30 – повторно дружење и разговор со протагонистите од „Канабисот ослободува“.
Инаку, се работи за документарец во копродукција меѓу Словенија, Македонија и Хрватска. Режијата и сценариото е на Миха Челар, а во него учествува и Рамбо Амадеус.
„’Канабисот ослободува’ е документаристички есеј за активисти од Словенија, од поранешна Југославија и од други европски и светски земји што си го посветиле животот на легализација на канабисот. Некои од нив имаат влезено во судир со законот, но сите на овој или оној начин тргнуваат по патот на ‘канабис-револуцијата’“, стои во најавата.