Социјалниот центар „Дуња“ на Фејсбук објави повик за протест за солидарност со народот на Палестина кој ќе се одржи во сабота (18 ноември).
Протестот е предвидено да започне во 5 до 12 пред Владата.
„Протестираме против угнетувањето и уништувањето на народот на Палестина. Ги поддржуваме барањата за итен прекин на нападот над Газа и операциите во Западниот Брег“, се вели во повикот за протест.
Истовремено, оттаму истакнуваат и дека протестираат и го изразуваат нивниот револт против одлуката на Владата со која не ја поддржа Резолуцијата на Обединетите нации за хуманитарен прекин на огнот.
„Протестираме и бараме крај на окупацијата, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување“, се додава во најавата за протестот.