Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, активизам, политика, животна средина…

1. Млади пратеници кои не отвораат уста, малку законски иницијативи и куп отсуства 

Пратеникот Мухамед Кадриов е вториот најмлад пратеник во македонското Собрание. Има 30 години, претставник е на политичката партија СДСМ, а она што е карактеристично за него е што година и половина немал ниту едно излагање на пленарна седница.

Млади пратеници кои не отвораат уста, малку законски иницијативи и куп отсуства [Инфографик]

2. Европската комисија препорачува мерки и инспекции за загадувањето, а Охридскиот Регион да биде заштитен од урбанизам

Европската комисија (ЕК) повторно упатува низи критики и препораки за Македонија во полето на животната средина и климатските промени. ЕК во новиот Извештај за напредокот на земјава нотира „ограничен напредок“ во оваа сфера, а минатогодишните препораки се делумно исполнети, па охрабрува да се преземат натамошни чекори кон зелената транзиција, особено во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан.

Европската комисија препорачува мерки и инспекции за загадувањето, а Охридскиот Регион да биде заштитен од урбанизам

3. На железничкиот сообраќај веќе е тешко некој да се потпре

Користењето на железничкиот сообраќај во Македонија е во опаѓање. Бројни железнички линии кои поврзувале голем број градови и села веќе се надвор од функција. Засега, единствено активни, иако малку на број, се линиите Скопје-Битола, како и Скопје-Гевгелија. Но, и двете линии се значително нарушени. Во близина на Стоби сообраќајот се комбинира со автобус поради напукнат бетонски столб на мост кај Црна Река, а возовите до Битола неколку дена не сообраќаат веќе неколку дена поради расипана локомотива. Патниците постојано изразуваат незадоволство од состојбата во која се наоѓаат железниците, а експертите сметат дека се потребни радикални промени.

На железничкиот сообраќај веќе е тешко некој да се потпре

4. Мора да се подобри студентскиот стандард – УСС УКИМ го одбележа Меѓународниот ден на студентите

Минатата година 17 ноември – Меѓународниот ден на студентите го одбележаа со марш, а оваа година, Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) го одбележа со заедничко дружење.

Мора да се подобри студентскиот стандард – УСС УКИМ го одбележа Меѓународниот ден на студентите

5. „Осудени за вистината!“ – Новинарите го искажаа револтот на протест пред Граѓанскиот суд

„Не ми се ќути“, „Цензори во име на моќниците“, „Не сме џубокс, ние сме новинари“ и „Осудени за вистината!“, беа само дел од пораките кои во петокот стотина новинари и медиумски работници на протест ги испратија пред Граѓанскиот суд во Скопје.

„Осудени за вистината!“ – Новинарите го искажаа револтот на протест пред Граѓанскиот суд

+Бонус:

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Валентина Миладинова

Во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме фотографии од Валентина Миладинова, студентка на Архитектонскиот факултет во Скопје.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Валентина Миладинова