Онлајн пребарувањата на терминот „климатска анксиозност“ се во пораст, покажуваат податоци собрани од страна на „Гугл“.
Зачестеноста на пожарите, поплавите и сушите ширум светот се само дел од знаците на климатските промени.
„Климатска анксиозност“ е термин, опишан како „чувства на стрес поради влијанието на климатските промени, а оваа состојба е регистрирана ширум светот, највеќе кај децата и младите лица.
Податоците од „Гугл Трендс“ покажуваат дека пребарувањето на „климатска анксиозност“ е во драматичен пораст. Пребарувањата на терминот во првите 10 месеци во 2023 се 27 пати поголеми од истиот период во 2017 година.
Раст на пребарувањето на терминот е забележан на повеќе светски јазици, па оттаму, пребарувањата на португалски се зголемиле за 73 пати, на кинески се зголемиле за 8 и пол пати, додека пребарувањата се зголемиле за 5 пати.
Нордиските земји го имаат најголемиот удел во пребарувањето на термини поврзани со климатска анксиозност во последните пет години. Финска, Данска и Норвешка се „виновни“ за над 40% од пребарувањето на терминот „климатска анксиозност“.
Од „Гугл“ посочуваат дека е забележан и глобален раст во пребарувањата за иднината на планетата, како и пребарувања за животната средина во последните 12 месеци.
„Кога ќе видите што пребаруваат луѓето, евидентно е дека тие пребаруваат разбирање, но и дека сакаат да преземат некаква акција. На пример, „како да се решат климатските промени“, е едно од најпребаруваните прашања за климатските промени во последните 2 години“, изјавил портпарол на „Гугл“.
„Гугл“ студијата претставува онлајн анкета во која учествувале 10.000 лица на возраст од 16 до 25 години во 10 земји од светот.