[Интервју] Teya Flow: Приказната за патешествието од Украина до големиот „Amsterdam Dance Event“

For the text in English click “Еnglish” / За текстот на англиски јазик кликнете „Еnglish“

  • Како дел од овогодинешните активности за време на „Amsterdam Dance Event“ (ADE), известувачите на Радио МОФ имаа можност да разговараат со личност со возбудлива и турбулентна животна приказна, која го раскажува искуството и патешествието кон својот сон.

    Teya Flow e од Украина и покрај диџејство со кое почнала да се занимава од неодамна, таа е и вокал, текстописец и артист. Таа дошла во Холандија на почетокот на војната во Украина, во непозната земја каде не знаела што да прави со својот живот и кариера, притоа настапувајќи на фестивали и настани каде се собирала хуманитарна помош за Украина.

    Освен патот патот до диџејството, таа во интервјуто со Радио МОФ зборува и колку ваквиот голем електронскиот фестивал ADE значи за нејзе. Ни сподели и информации за плановите, како и за соработката со Ilija Djokovic во рамките на EXIT Echosystem.

    Целата содржина која се наоѓа на социјалните мрежи ја креира самата, а тоа може да се види и во оригиналноста на самите reel-ови и други кратки видеа. Како што вели, сите нејзини следбеници на социјалните мрежи се органски, не се стекнати преку промоција, бидејќи важно и е да ја има вистинската публика. Во нејзините диџеј сетови комбинира различни стилови, заедно со сопствениот вокал и текст.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by ᴛᴇʏᴀ ꜰʟᴏᴡ (@teyaflow)

    Како би го опишала твојот стил како диџејка?

    T.F: Техно, мелодично техно, хаус, прогресив, некој микс од тие стилови, меѓутоа можам да кажам дека техно е тоа што доминира. Обично сакам да мешам стилови, да не доминира еден стил, бидејќи богатството на звуци прави публиката да биде повозбудена.

    Како вокалист и текстописец сум имала изведби од различни жанрови. Исто така пишувам текстови за други артисти, но во последната година се обидувам фокусот да го насочам кон одреден жанр и со тоа да станам попрепознатлива.

    Што се однесува до диџејството повеќе сум насочена кон електронски и андрграунд звуци кои ја подигаат енергијата кај публиката и ја тера да игра.

    Во моите вокални изведби префрирам да доминираат вокали, поттикнувајки простор за размислување и сонување, меѓутоа сфатив дека не можам да ги комбинирам двете улоги во едно.

    Затоа размислувам да го создадам моето „второ јас” со цел да бидам попретпознатилва за публиката. Знам дека нема да биде лесно, бидејќи сакам да бидам оригинална во музиката која ја креирам, не тоа да биде само од комерцијални побуди.

    Какво беше твоето прво искуство на ADE? И дали за прв пат настапи оваа година?

    T.F: Кога се работи за ADE не наоѓам доволно зборови да опишам што ADE значи за мене. Секој кој се занимава или слуша електронска музика би требало да го посети ADE, барем еднаш во животот, бидејќи можностите се огромни.

    Мојот прв настап на ADE можам да кажам дека беше чудотворен. Во Холандија дојдов како бегалка, се разбира немав посебни планови, не познавав никого, немав голема желба за социјализација, се обидував на правам некаква музика со мојата опрема, но бев скршена. Но, сфатив дека треба да почнам да се занимавам со диџејство. Почнав да одам на часови (голема благодарам со ME.N.U) и почнав полесно да го разбирам тој свет.

    Еден од моите продуценти од Украина беше поканет да настапува на ADE минатата година и ме повика со него. И така продолжи од една журка на друга, изградив мрежа на контакти. Луѓето со кои работам денес во студио или соработувам на друг вид настани, се контакти од минатогодишното ADE.

    Оваа година е втора како го посетувам и настапувам на ADE. Бев повикана на настани организирани од Spotify и други издавачки куќи, каде воспоставив нови конекции со луѓе од музичката индустрија. Настапував во TheBas[s]ment и The Cave Studios. Магично е тоа што имам шансата да настапувам на ADE каде конкуренцијата е огромна и е од светски размери. После сето ова искуство можам да кажам за себе дека сум диџеј, претходно го немав тоа чувство.

    Истражив малку за тебе, од она што го видов, имаш голем број на соработки со различни артисти. Дали може да издвоиш еден проект кој ти е посебен?

    T.F: Тешко е да издвојам еден…. ја ценам секоја соработка. Тоа што го работам со продуцентите од Украина ZEFEAR и Kirik со кои ја започнав музичката кариера можам да кажам дека има посебно значење за мене. Заедно снимивме многу материјал. Секогаш сме во контакт, се инспирираме и доаѓаме до нови идеи. Едноставно сме на иста фреквенција.

    Во последно време работам со многу различни продуценти бидејќи тоа е мојот начин на живот, остварување соработка со различни продуценти.

    Освен диџејство, дали се занимаш и со нешто друго? Дали има друг професионален ангажман освен диџејство и музички настапи?

    T.F: Можам да кажам дека музиката е мојата професионална преокупација. Така заработувам за секојдневен живот во супер скапиот Амстердам хахахаха. Исто така имам и хоби, но тоа го правам ретко. Во слободно време се бавам со фотографија и видео. Едноставно би рекла музика и креатива е она што го правам.

    Кој ти е омилен клуб во Амстердам, како диџеј и како клабер?

    T.F: Дојдов во Амстердам на почетокот на војната во Украина. Во тоа време настапував на многубројни фестивали и настани организирани во добротворни цели каде се собираше хуманитарна и финансиска помош за Украина. Секогаш настојувам да ја искористам секоја прилика и да го потсетам светот дека војната во мојата татковина се’ уште трае и дека подршка се’ уште е потребна.

    Стриминг платформите The Bas[s]ment, The Cave Studios, Decentraland се места каде често настапувам. Не треба да имаме сомнежи дека иднината е дигитална. Се’ уште го имам чувството дека сум нова во оваа индустрија, но некако брзо успеав да ја направам трансформацијата од вокален настап во живо кон настапување како „Singing“ диџеј.

    Не можам себеси да се наречам клабер. Не одам често во клубови, кога одам тоа е бидејќи некој од моите пријатели диџеи настапува или можеби некој диџеј кого би сакале да го слушнам како звучи.

    Оваа година за прв пат посетив рејв журка во организација на Capsule Recordings, а потоа бев и на уште неколку „нелегални“ рејв забави или забави од затворен тип. Таквите забави навистина се посебно интересни.

    Од клубови може да ги издвојам Thuishaven Festivalterrein , Loft Adam’s Tower, SkateCafe, Radion, Club Atelier и други.

    На која платформа може највеќе да се најде твојата музика или друга креација?

    T.F: Најактивна сум на Instagram бидејќи сама ја креирам содржината (постови, видеа, reels), но користам и  YouTube, TikTok, Facebook

    Како се снаоѓаш во ситуации за време на настап кога сфаќаш дека од немарност си прескокнала некоја трака?

    T.F: Хахаха, мојот живот е „импровизација”. Сум имала многу ситуации кога CDJ-ките не сакаат да ја прочитаат следната трака и тогаш реагирам брзо и барам друга трака во фолдерот хахаха.

    Сум имала ситуација кога треба да настапувам, опремата која е наместена да не ја познавам доволно, хахахах. Меѓутоа мора да се снајдам, хахаха.

    Секакви ситуации се случуваат за време на настап, меѓутоа имам доволно искуство во музички настапи во живо и пред да се занимавам со диџејство. Кога се подготвувам за настап секогаш спремам дополнителен материјал како „backup“ за да нема несакани ситуации.

    Огнен Тилиќ

  • [Interview] Teya Flow: The story behind the journey from Ukraine to the great “Amsterdam Dance Event”

    As part of this year’s activities during the “Amsterdam Dance Event” (ADE), Radio MOF reporters had the opportunity to talk to a person with an exciting and turbulent life story, who recounts the experience and the journey towards her dream.

    Teya Flow is from Ukraine, and in addition to DJing, which she has started doing recently, she is also a vocalist, lyrics writer and artist. She came to the Netherlands at the beginning of the war in Ukraine, in an unknown country where she did not know what to do with her life and career, while performing at festivals and events where humanitarian aid was collected for Ukraine.

    Apart from the path to DJing, she also talks about how much such a big electronic festival like ADE means to her in the interview with Radio MOF. She also shares information about her plans, as well as about the collaboration with Ilija Djokovic within the framework of EXIT Echosystem.

    All the contents that are found on social networks are created by herself, and this can be seen in the originality of the reels and other short videos. As she says, all my social media followers are organic, not acquired through promotion, because it’s important to her to have the right audience. In her DJ sets she combines different styles together with her own vocal and lyrics.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by ᴛᴇʏᴀ ꜰʟᴏᴡ (@teyaflow)

    How would you describe your style as a DJ?

    T.F: Techno, melodic techno, house, progressive, any mix of those styles, but I can say that techno dominates. I usually like to mix styles, not to have one style dominate, because the richness of sounds makes the audience more excited.

    As a vocalist and lyrics writer, I have performed in various genres. I also write lyrics for other artists, but in the past year I’ve been trying to focus on a certain genre and thus become more recognizable.

    As for DJing, I’m more focused on electronic and underground sounds that raise the energy of the audiences and make them dance.

    In my vocal performances, I prefer vocals to dominate, encouraging room for thinking and dreaming, but I realized that I could not combine the two roles in one.

    That’s why I’m thinking of creating my “other self” in order to be more recognizable to the audience. I know it won’t be easy, because I want to be original in the music I create, not just for commercial reasons.

    What was your first ADE experience like? Did you perform there for the first time this year?

    T.F: When it comes to ADE I can’t find enough words to describe what ADE means to me. Anyone who plays or listens to electronic music should visit ADE, at least once in their life, because the possibilities are huge.

    I can say that my first performance at ADE was miraculous. I came to the Netherlands as a refugee, of course I had no special plans, I didn’t know anybody and didn’t have a great desire to socialize. I was trying to make some music with my equipment, but I was broken. However, I realized that I should start DJing. I started taking classes (thanks a lot to ME.N.U) and started to understand that world more easily.

    One of my producers from Ukraine was invited to perform at ADE last year and invited me with him. And so, things went on, from one party to another, I built a network of contacts. The people I work with today in the studio or collaborate on other kinds of events are contacts from last year’s ADE.

    This year was my second visit and performance at ADE. I was invited to events organized by Spotify and other record companies, where I made new connections with people in the music industry. I performed at TheBas[s]ment and The Cave Studios. It’s magical that I have the chance to perform at ADE where the competition is huge and the event is on the global scale. After all this experience, I can say for myself that I am a DJ, I didn’t have that feeling before.

    I did a little research on you, from what I saw, you have a number of collaborations with different artists. Can you single out one project that is special to you?

    T.F: It’s hard to single out one…. I appreciate any cooperation. I can say that working with Ukrainian producers ZEFEAR and Kirik, with whom I started my musical career has special importance for me. We recorded a lot of material together. We are always in touch, we inspire each other and come up with new ideas. We’re just on the same frequency.

    Lately, I’ve worked with a lot of different producers because that’s my way of life, making collaborations with different producers.

    Besides DJing, do you do anything else? Do you have any other professional involvement besides DJing and musical performances?

    T.F: I can say that music is my professional preoccupation. This is how I earn my daily living in super expensive Amsterdam, hahahaha. I also have a hobby, but I rarely do it. In my free time I do photography and video. I would simply say music and creativity is what I do.

    What is your favorite club in Amsterdam, as a DJ and as a clubber?

    T.F: I came to Amsterdam at the beginning of the war in Ukraine. At that time I performed at numerous festivals and events organized for charity purposes where humanitarian and financial aid was collected for Ukraine. I always try to use every opportunity to remind the world that the war in my homeland is still going on and that support is still needed.

    The streaming platforms The Bas[s]ment, The Cave Studios, Decentraland are places where I often perform. We should have no doubts that the future is digital. I still feel like I’m new to this industry, but somehow I managed to make the transformation from live vocal performance to performing as a Singing DJ very quickly.

    I can’t call myself a clubber. I don’t go to clubs often, and when I do it’s because one of my DJ friends is playing or maybe it’s a DJ where I’d like to hear how he/she sounds.

    This year, for the first time, I visited a revue party organized by Capsule Recordings, and then I went to several more “illegal” revue parties or closed parties. Such parties are really very interesting.

    Among clubs I can single out Thuishaven Festivalterrein, Loft Adam’s Tower, SkateCafe, Radion, Club Atelier and others.

    On which platform can your music or other creation be found the most?

    T.F: I am most active on Instagram because I create the content myself (posts, videos, reels), but I also use YouTube, TikTok, Facebook

    How do you deal with situations during an on-set when you realize that you have carelessly skipped a track?

    T.F: Hahaha, my life is “improvisation.” I’ve had many situations when the CDJ doesn’t want to read the next track and then I react quickly looking for another track in the folder, hahaha.

    I’ve had a situation where I have to perform, and I don’t know enough the equipment that is set up hahaha but I have to manage hahaha.

    All kinds of situations happen during performance, but I’ve had enough experience in live music performances even before DJing. When I prepare for a performance, I always prepare additional material as a backup so that there are no unwanted situations.

    Ognen Tilic