ФСС-ФЕИТ во понеделник организира едукативна работилница за машко здравје

По повод ноември, месецот на машкото здравје, Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС-ФЕИТ) во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА) и Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет организираме едукативна работилница за машко здравје (ФСС-МЕДФ).

Работилницата ќе се одржи во ИНОФЕИТ од 16 до 17:30 часот.

Како што најавуваат од ФСС-ФЕИТ, д-р Велимир Савски од Инфективната клиника и Весна Матевска од ХЕРА ќе зборуваат за важнсота на грижата за сексуалното и репродуктивното здравје кај момчињата и мажите, СПИ сифилис, гонореја, кламидија и ХИВ, како и за бесплатните доверливи сервиси за советување и тестирање.

Студентите од ФСС-МЕДФ, пак, ќе зборуваат за машкиот инфертилитет, канцерот на тестиси и навиките за зачувување на репродуктивното здравје. Истовремено, ќе зборуваат и за бесплатните консултации и спермограми за студентите на УКИМ, овозможени од Институтот за хистологија и ембриологија.

Заинтересираните за работилницата која е од бесплатен и отворен карактер можат да се пријават на следниов ЛИНК.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ФСС-ФЕИТ (@fssfeit)