Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) во петок (1 декември) организира отворен ден за сите матуранти на кои ќе бидат презентирани студиските програми, активностите на студентите и центрите за кариера.
Отворениот ден ќе се одржи во периодот од 10 до 12 и од 12 до 14 часот со физичко присуство на секој од факултетите.
„Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории…“, стои во повикот на УКИМ.