На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. [Галерија] Скопје невообичаено празно за најголемиот политички настан во Македонија
На скопските улици во четвртокот не можеше да се забележат гужви, што е вообичаено за било кој друг ден во неделата. За ова придонесе тоа што 30 ноември беше прогласен како неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје поради Министерскиот состанок на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
[Галерија] Скопје невообичаено празно за најголемиот политички настан во Македонија
2. Ревизори, службеници и судијка – утврдени членовите на новиот состав на Антикорупциска комисија
Четворица ревизори, двајца вработени во Антикорупциската комисија и една судијка се кандидатите кои го поминаа филтерот на собраниската Комисија за селекција и се утврдени како предлог за нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Сепак, она што е симптоматично е поединечното бодување на кандидатите од членовите на Комисијата за селекција, каде може да се забележи голема дискрепанца во поените кои дел од кандидатите ги добиле од пратениците и поените кои ги добиле од претставниците на граѓанскиот сектор.
Ревизори, службеници и судијка – утврдени членовите на новиот состав на Антикорупциска комисија
3. 120.000 млади опфатени со новиот пакет антикризни мерки, најави премиерот Ковачевски
120 илјади ученици и студенти ќе добиваат поддршка во следната половина година преку новиот пакет антикризни мерки кои ги усвои Владата.
За основците и средношколците од ранливи категории семејства предвидено е во наредните шест месеци да добиваат по 1.200, односно 1.800 денари месечно. Паралелно, 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе имаат можност да добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари.
120.000 млади опфатени со новиот пакет антикризни мерки, најави премиерот Ковачевски
4. [Видео] Театар „Златен Елец“: Нешто што нѐ води е пасијата која ја имаме, не е само револтот
Дуодрамата „Кенди“ во продукција на „Златен Елец“ – независна и млада театарска екипа досега е поставена седум пати. Два пати е изиграна во рамки на театарски фестивали, од кои и на Фестивалот за Млад отворен театар (МОТ).
На овогодишното, 48-то издание на МОТ, ја добиваат театарската награда „БИШ“ за Најдобра независна театарска продукција, која годинава се доделува по втор пат.
Со нив поразговаравме за независниот, млад театар, новата генерација театарџии, претставата „Кенди“ и наградата „БИШ“.
[Видео] Театар „Златен Елец“: Нешто што нѐ води е пасијата која ја имаме, не е само револтот
По 12 години студиото на радио МОФ во реновирано ново руво започнува нова сезона на подкасти. Покрај веќе познатите подкасти, оваа сезона ќе имаме и неколку нови како „Дебели Гикови“, „ДРАГичка”, „Големите прашања на малиот мозок”, „Прашај паталец не гаталец“, „Филмофилос” „
Бонус:
#РаскажиМи: „Човеконабљудувач“ од „Б.И.Ѓ“
Во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Човеконабљудувач“. Расказот го освои првото место на овогодишниот, четврти по ред Конкурс за краток хорор расказ распишан од новинската агенција Мета.мк.
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ивана Јовановска
Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив се дружевме со книжевничката Ивана Јовановска. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За Радио МОФ вели дека освен книжевноста, сака да истражува и други уметнички дисциплини.