Универзитетската професорка Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митриќески се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување.
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата ѝ се доделува на:
– проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор
2. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на:
– Антонио Митрикески, филмски режисер
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември (петок) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.