„Политички систем“ – бесплатен универзитетски учебник за студентите по право

Наменет за студентите по правни, политички и новинарски студии, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа промоција на новиот учебник „Политички систем“ во авторство на професорите Рената Тренеска Дескоска, Јелена Трајковска-Христовска и Марко Кртолица.

Учебникот е бесплатен за користење за сите студенти и достапен онлајн.

Учебникот ќе се користи како помагало по истоимениот предмет, а издавачите – Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) велат дека станува збор за нов и современ учебник којшто поставува повисоки стандарди во пишувањето на учебници, со стил лесен за читање, разбирлив и едноставен.

Од ФЕС посочуваат дека потребата од политичко образование станува сè позначајна со цел зајакнување на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политички плурализам, меѓусебна толеранција, заедништво и солидарност.