Министерството за образование и наука (МОН) објави јавен повик за финансиска поддршка за студенти кои живеат надвор од местото на студирање.
Повикот е наменет за сите студенти кои се:
1. Државјани на Република Северна Македонија;
2. Имаат статус на редовни студенти;
3. Се запишани на државните универзитети;
4. Кои живеат надвор од местото на студирање.
Кандидатите може да се пријават електронски, на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Притоа треба да ги прикачат:
1. Потврда за редовен студент на државен универзитет;
2. Уверение за државјанство;
3. Лична карта или друг документ за идентификација;
4. Трансакциска сметка;
5. Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.
„Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година“, се вели во соопштението на МОН.
Рокот за пријавување е отворен од 18 до 24 декември 2023 година. Министерството по извршената проверка на податоците и доказите во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиска поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка, во самата апликација.
Повеќе информации може да се најадат тука.